Често поставувани прашања

КАКО ДА НАРАЧАМ?
Постојат четири начини преку кои можете да направите нарачка.

1.Нарачка преку online страна
Прво, изберете ги оние производи што сакате да ги купите и додадете ги во вашата кошничка со помош на копчето „ДОДАДИ ВО КОШНИЧКА“. На десната страна од екранот ќе се појави приказ на состојбата на вашата кошничка од каде што ќе може да ја проверите кошничката, но и да продолжите со потврда на нарачката. Кликнете на копчето НАРАЧАЈ за да се отвори прозорец каде што ќе ги внесете вашите лични информации. Внесете ги потребните информации (име, презиме, адреса, град, телефон за контакт, e-mail) и притиснете го копчето НАРАЧАЈ.

2.Нарачка преку messenger
На левата долна страна од вебстраната имате messenger икона каде што може да не контактирате и да ви одговориме на секое ваше прашање но и тука можете да нарачате

3.Нарачка преку телефон
Јавете се на мобилниот телефон 072-255-900, наведете ги посакуваните производи на нашиот оператор и дадете ги потребните лични информации за нарачка. Нашите оператори ќе ја направат нарачката за вас.

4.Нарачка преку Facebook страна (inbox)
Наведете ги посакуваните производи и вашите лични информации во приватна порака на нашата Facebook страна www.facebook.com/gadget.mk и нашите оператори ќе ја направат нарачката за вас.

КОЛКУ ЧИНИ ИСПОРАКАТА?
Цената на испораката изнесува 130 денари за целосниот пакет, не од производ

ДАЛИ МОЖЕ ЛИЧНО ДА ЈА ПОДИГНАМ МОЈАТА НАРАЧКА?
Не. Ние сме online продавница која што нема физичка продавница каде што би можеле да го подигнете производот. Вашиот производ ќе биде доставен до вашиот дом (или наведената адреса) во рок од 1 до 3 работни дена.

КОЛКУ ВРЕМЕ Е ПОТРЕБНО ЗА ДОСТАВА НА НАРАЧКАТА?
95% од нарачките се доставуват во рок од 1 до 5 работни дена. Меѓутоа, поради временски непогоди, неработни денови и празници, како и останати фактори кои не зависат од нас, доставата може да биде одложена за 1 до 2 работни дена.

КАКО МОЖЕ ДА ЈА ПЛАТАМ НАРАЧКАТА?
Наплатата се врши во готовина при достава на врата на вашата нарачка. Во моментот не е достапен друг начин на наплата.

ДАЛИ ПРОИЗВОДИТЕ СЕ ИСТИ КАКО НА СЛИКАТА?
Нашата е-продавница секогаш се труди да ги прикаже производите во нивното вистинско светло. Меѓутоа, бидејќи сепак станува збор за online продавница, може да дојде до мала разлика во боја, претстава за големина на производот. 80% од производите се фотографирани во нашето мини-студио.

ДАЛИ МОЖЕ ДА ГО ВИДАМ ПРОИЗВОДОТ ПРЕД ДА ГО КУПАМ?
Постои опција да ја проверите нарачката пред да ја платите. Потребно е да направите нарачка како вообичаено, со тоа што откако ќе ви ја достави курирот вие ќе извршите проверка на производите. Доколку сте задоволни од нарачката, вршите исплата на курирот и ги задржувате производите. Меѓутоа, доколку производите не ги исполнуваат вашите очекувања, тогаш ги враќате на курирот без никакви трошоци од ваша страна.

ПРАВАМ НАРАЧКА ONLINE, НО НЕ МИ ЈА ПРИМА?
Најверојатно имате направено некоја грешка…
Најчести грешки кога не се процесираат нарачките се:
1. Во полето за телефон сте поставиле коса црта: /
2. Не сте ги пополниле сите полиња
3. Веќе имате регистрирано профил и сакате да направите нова нарачка со истата е-маил адреса без да сте логирани.

ДАЛИ МОЖЕ ДА ГО ЗАМЕНАМ ИЛИ ВРАТАМ ПРОИЗВОДОТ?
Секако! Доколку не сте задоволни од вашиот производ можете да го вратите или замените во рок од 30 дена. Едноставно оставете приватна порака на нашата Facebook страна во која што ќе наведете која е причината за враќање/замена на производот, а ние ќе ви направиме замена на производот.

Gadget.mk

Gadgets Arena

About Gadget.mk

e online продавница, креирана во 2015 година Наш приоритет е задоволството на купувачот Отворени сме 24/7 и ви нудиме услуги, и спремни сме да слушниме било какви поплаки во секој момент Доставуваме до домашна адреса, производите ги плаќате при подигање Повеќе инфо за нарачки на вебсајтот,во порака(inbox) или на 072 255 900

X